Забранета продажба на Mercedes во Германија

Nokia го тужела Mercedes за неовластено користење патенти

Веста најпрво ја пренесе агенцијата Блумберг, а потоа и сите други, особено специјализираните медиуми на Запад.

Mercedes се соочува со забрана за продажба на автомобили во Германија.

Имено, судот во Манхајм донел одлука во корист на финската компанија Nokia дека Mercedes користел некои од нивните патенти без овластување.

Oд таа тужба произлегува дека постои можност на Mercedes да биде забранет за продажба во Германија.

Според постапката, Nokia, за да може оваа забрана да биде извршна, мора да покрене нова постапка, која, веројатно, врз основа на претходната пресуда, ја добива, но и да испрати кауција за да се осигури дека тужената страна, во случај на неуспешна тужба, може да ја надомести штетата.

Бидејќи станува збор за продажба на Mercedes, оваа кауција би била огромна – дури седум милијарди евра.

Во Nokia не сакаа да кажат ништо за можна забрана за продажба на Mercedes, а во обвинетата и тужената страна велат дека не разбираат ништо.

„Пресудата на судот за нас е несфатлива и ќе се жалиме“, велат во Mercedes, убедени дека нема да им биде забранета продажба во Германија.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments