Заврши гејминг настанот Autumn Gaming Month.

Заврши досега најголемиот гејминг настан оваа година, Autumn Gaming Month. Натпреварите во 6 видеоигри ги донесоа и најдобрите тимови. Покрај натпреварите целта на настанот беше овој месец да се исполни со забава од дома и онлајн дружба.

Autumn Gaming Month се одржа од 14 ноември до 6 декември, а натпреварувачите ги покажаа своите вештини во Fortnite, Clash Royale, Counter Strike Global Offensive, Шах, Dota 2 и League of Legends. Љубителите на гејмингот како и досега не потфрлија, пријавите во скоро сите еспорт дисциплини беа пополнети во првите 3 дена од нивното отворање, а гледачите дојдоа во рекордни бројки да ги проследат натпреварувањата во живо.

„Исклучително сме горди од организираното, во уникатно време кога пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот зема се посилен замав создаваме безбеден он-лајн простор за забава, натпреварување и дружба за сите љубители на видео игрите. Autumn Gaming Month беше најголем гејминг настан оваа година, а во контекст на гледачите достигнавме нови рекорди на преносите во живо, овие рекорди се споредливи со бројките од поголемите балкански земји кои имаат поразвиена гејминг сцена како и поголем број на жители. Дополнително во текот на изминатите месеци МЕСА стана и член во Балканскиот еспорт сојуз, ова заедно со поддршката од гледачите дома ни докажува дека сме на прав пат, од почетокот на оваа година почнавме со организирање на индивидуални турнири, по кои следеше гејминг викенд, а сега стигнавме и до гејминг месец во само една година постоење. Го пополнивме просторот во македонската гејминг сцена кој беше празен со години а тоа е континуираната организација на турнири во разни еспорт дисциплини. Константната интеракција помеѓу играчите, гледачите и организаторите создава уникатна гејминг заедница каде сите засегнати страни целат кон една иста цел. Македонската гејминг сцена одлично ја затвори оваа година, МЕСА и нејзините членови се особено горди што играа огромен дел во нејзиното постоење и унапредување.“ изјави Константин Пејоски, претседател на Македонската Еспорт Асоцијација.

Во последните неколку години гејмингот во Македонија и во рамки на Балканот го следи глобалниот тренд и доживува огромен подем. Големата бројка на гледачи кои ги следат овие натпреварувања секоја година руши рекорди, а со Ковид-19 пандемијата веќе се искачи на ново досега недопрено ниво. Се очекува еспорт публиката до крајот на 2020-тата година да се искачи до 500 милиони гледачи, а самата индустрија да биде вредна околу 1.3 милијарди долари, додаваат од МЕСА.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments