Зголемена е побарувачка за видео игри

Поради коронавирусот зголемена побарувачката за видеоигри

Продажбата на видеоигри во јуни е зголемена за 26 отсто што покажува дека оваа индустрија продолжува да руши рекорди во текот на пандемијата.

Како што наведува аналитичката компанија NPD group, најпродаваната игра е видеоиграта на Sony The Last of Us Part II.

Додека повеќе индустрии ширум светот се во длабока криза поради пандемијата, оваа индустрија ги бележи најдобрите резултати. Освен видеоигри се продаваат и софтвер, хардвер, додатоци за игри и претплати за онлајн сервиси.

Се проценува дека индустријата за видеоигри оваа година ќе забележи приход од околу 160 милијарди долари.

Играњето видеоигри за време на пандемијата се покажа како одлична забава.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments