Zoom го помина TikTok во превземања

Зум го собори рекордот на ТикТок во бројот на преземања

ТикТок повеќе не е најпопуларната апликација. Нејзиното место го презеде Zoom апликацијата која се користи за видео конференциски состаноци.

Со развојот на пандемијата Zoom преку ноќ прерасна во гигант и го собори рекордот за најмногу преземања на App Store.Zoom преку iOS уредите доби речиси 94 милиони преземања од 1 април до 30 јуни, според статистиките на фирмата за мобилни аналитики Sensor Tower.

Преземањата на Zoom доаѓале претежно од Индија, каде што корисниците ја инсталирале апликација 68 милиони пати, а во САД 41 милион пати.

Овој зачудувачки број го спушти едно место подолу претходниот носител на рекордот, TikTok. Платформата за споделување видео, фаворит кај младите го постигна рекордот претходниот квартал со 67 милиони преземања на iOS.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments