Zoom ќе продава свој таблет

Zoom ќе продава свој наменски таблет

Zoom, познатиот сервис за видео повици, порасна многу за време на епидемијата од коронавирус и по профитот и по бројот на корисници.

Уредот наречен Zoom For Home – DTEN ME во продажба стигнува во август со цена од 599 долари. Ќе се базира на 27-инчен екран на допир во комбинација со три паметни веб-камери, осум микрофони со отстранување на шумот  и претходно инсталиран Zoom софтвер.

Интерфејсот на уредот овозможува лесен пристап до Zoom функциите, како што се состаноци и контакти, но и други функции, како што е синхронизација со календарот на корисникот и прикажување на претстојните состаноци на екранот.

Можно е да се сподели содржината на DTEN екранот со тоа што ќе се поврзе на телефон или лаптоп преку т.н. ултрасонично спарување.

Технологијата на која се базира таквото спарување е слична на Bluetooth, но наместо радио во овој случај за спојување на уреди се испраќаат звучни сигнали од 18 до 22 kHz за кои луѓето обично не можат да ги слушнат.

Производителот на уредот е партнер на Zoom, компанијата DTEN која е специјализирана за развој на уреди за видео конференции.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments