Звук коj ви прави илузија на мозокот

Илузија на мозокот

Еден корисник на TikTok по име Michael McBride, пред околу 1 недела на своите следбеници им покажа една илузија на мозок. Звукот на видеото, иако не се зголемува сепак остава впечаток дека се зголемува заради илузијата што ја создава.

Кинеската компанија ByteDance која во својата држава направи апликација  по име Douyin но истата апликација ја направи и како верзија за западни држави но името го смени во TikTok. Апликацијата TikTok во моментов е како најкористена апликација, само на Google Play Store е преземена 1 милијарда пати.

Секако дека платформа која е користена од толку многу лица, нормално е да содржи интересни предизвици и содржини. Денешната тема ни е еден корисник на TikTok кој со еден звук предизвика илузија на мозок.

Корисникот на TikTok со име Michael McBride кој има околу 370 илјади следбеници, сподели едно сосема интересно видео. На видеото кое има околу 4 милиони гледаност, се слуша еден звук кој остава впечаток како бесконечно да се зголемува.

Звукот на видеото споделено од страна на McBride, иако не се зголемува сепак предизвикува илузија поради која мислите дека бесконечно се зголемува звукот. Оваа илузија има и назив: Shepard Tone

ShepardTone, е звук кој се користи и во филмови и како напознат пример е популарниот композитор Ханс Зимер.

Композиторот го користел овој звук во филмовите  The Dark Knight и Dunkrik. Овој звук можете да го слушнете во филмот The Dark Knight во сцената на испрашување на Џокер.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments