„По долго и агресивно возење, немојте само да го гасите моторот. Овој дел од моторот се загрева толку многу, а потоа таа топлина ја пренесува на други делови од моторот и сè се загрева. Моторот се лади така што ќе го оставиме автомобилот во празен од и ќе работи малку“, вели еден автомеханичар, пишува „Слободна Далмација“.
Топлината од моторот, особено ако возилото работи со високи вртежи во минута долго време, може да предизвика долгорочно оштетување на другите делови на моторот ако го запрете и исклучите моторот веднаш по возењето.
Всушност, моторот тогаш нема можност за ладење, енергијата се пренесува понатаму …
Така, по долго или брзо возење, запрете го автомобилот, држете го во неутрална положба неколку минути и потоа исклучете го, пренесува City Magazine.