Русија ќе лансира апликација за споделување фотографии по теркот на Инстаграм, откако руските власти ја забранија употребата на оваа апликација.
Новата апликација ќе се вика „Росграм“ (Rossgram) и ќе биде достапна од 28 март. Таа ќе има дополнителни функции како и платен пристап за некои содржини.
„Мојот партнер Кирил Филимонов и нашата група програмери веќе беа подготвени за овој пресврт на настаните и решија да не ја пропуштат можноста да создадат руски аналог на популарната социјална мрежа што ја сакаат нашите сонародници“, изјави Александар Зобов – директор за односи со јавност на иницијативата.
“Meta”, која е сопственик и на “Facebook”, соопштила дека привремената промена во политиката за говор на омраза важи само за Украина по започнувањето на специјалната воена операција на руската војска.
Русија, која забранила и работа на “Facebook”, поднела кривична пријава против “Meta”, а обвинителството од судот побарало американскиот технолошки гигант да се прогласи за екстремистичка организација.