Xbox 360 е одлична конзола, но проблемот со „црвениот прстен на смртта“ го мачи уште од самиот почеток.
Кога ќе се појави оваа грешка, светлата околу копчето за вклучување на конзолата трепкаат црвено за да ве известат дека се појавил „фатален проблем“. За многумина тоа значеше и дека самата конзола „заѕвони“. Оваа грешка, инаку, го чинеше Мајкрософт повеќе од милијарда долари за поправки.
Имаше многу шпекулации за тоа што точно го предизвикува овој проблем, но никој не знае со сигурност. Меѓутоа, во документарен филм кој се занимава со историјата на Xbox, работата е објаснета.
Документарецот се вика „Power On: The Story of Xbox“ и зборува за многу луѓе кои учествувале во дизајнот и маркетингот на самата конзола и кои, како што велат, првично мислеле дека нешто се прегрева. Сепак, проблемот се покажува како малку покомплициран.
Поранешниот шеф на Xbox Питер Мур објасни дека не се работи само за прегревање, туку дека конзолата прво се вжештила многу, а потоа наеднаш се оладила. Во овој случај, системот е преоптоварен и конзолата “умира”.
Повеќе детали даде хардверскиот инженер Лео Дел Кастиљо, кој рече дека „врските што се прекинати не се наоѓаат на матичната плоча, туку се внатре во самите компоненти“.
Во тоа време, Microsoft се обиде да го реши проблемот со објавување на неколку различни верзии на конзолата Xbox 360, па со текот на времето престана да се појавува самиот „црвен прстен на смртта“.