Facebook почнува со масовно тестирање на Dark Mode на нивната мобилна апликација.

Dark Mode имаат сите апликации од Facebook.

Desktop верзијата веќе одамна има Dark Mode со редизајнот кој им стана достапен на сите корисници од септември, а дури и Facebook Lite апликацијата на мобилните има можност за вклучување на оваа популарна тема.

За корисниците на кои ова им е важно, чекањето изгледа полека доаѓа при крај. Од Facebook почнаа да ја пуштаат темната тема за повеќе корисници, а најверојатно повторно ќе помине одреден период додека стане достапна за сите корисници.

Од Facebook ја потврдија оваа информација, па дури направија и заедничко видео во кое се гледа како ќе изгледа темната тема, а има и разговор помеѓу нив во кој се потврдува информацијата.

Доколку ви е достапен Dark Mode, ќе можете да ја најдете во делот за прилагодување на апликацијата, односно треба да притиснете на трите линии во горниот десен дел од апликацијата. Потоа треба да се отиде најдолу, па на Settings & Privacy, па доколку темната тема е достапна за вашата апликација, можноста за вклучување ќе биде во овој дел.

Dark Mode ќе може да се вклучува и исклучува, а достапна е и можност истата автоматски да се менува зависно од темата на уредот. Достапноста на темата е на двете мобилни платформи, односно корисниците на Android и iOS може да ја очекуваат во периодот што следи.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments