Американските технолошки гиганти Facebook, „Google и Twitter на Aphabet приватно ја предупредија владата на Хонг Конг дека можат да ги прекинат своите услуги во тој град доколку властите продолжат со планираните измени во кривичниот закон за заштита на податоците, објави денеска „Волстрит журнал“ (WSJ) .
Измените и дополнувањата на законот можат да ги направат технолошките компании одговорни за злонамерното споделување на информации од страна на поединци преку интернет, додава весникот, како што објави Ројтерс.