ПРВАТА ВСЕЛЕНСКА МИСИЈА НА SPACE-X ОДЛОЖЕНА ЗА УТРЕ!

Компанијата Space Ex на милијардерот Илон Маск ќе се обиде во недела да испрати четворица астронаути до Меѓународната вселенска станица, како дел од првата мисија на НАСА, која ќе користи приватно направено летало за превоз на луѓе.

Лансирањето на капсулата наречена „Отпор“ од центарот на НАСА во Флорида беше закажано за во сабота, но беше одложено поради силните налети на ветерот.

Летот на новата капсула „Crew dragon“ ќе трае осум часа и ќе биде првата оперативна мисија на Space Ex, пренесува Ројтерс. Во него ќе учествуваат тројца астронаути од САД и еден од Јапонија. Тест летот со двајца членови на екипажот во август беше првиот вселенски лет на астронаутите на НАСА од американско тло по девет години.

Претходно оваа недела, официјалните лица на НАСА го одобрија финалниот дизајн на капсулата, со што ја завршија фазата на развој на SpaceX како дел од јавно-приватната програма на агенцијата за скоро 10 години.

Во 2014 година, НАСА потпиша договори со Says Ex и Boeing за развој на конкурентни вселенски капсули, со цел да ја замени својата програма што заврши во 2011 година, но и да ја одвикне од зависноста од руските ракети за испраќање американски астронаути во вселената.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *