Пристигнува корисна функција на Android – архивирање апликации

Google објави дека корисниците на Android наскоро ќе можат само да ги архивираат апликациите, наместо да ги бришат доколку им снема простор на телефонот.

Тоа значи дека наместо целосно бришење на апликацијата од телефонот, таа ќе може да се архивира и на овој начин ќе се зачува 60% од складиштето на апликациите. За оние кои сè уште имаат дополнителен простор за складирање, ова може да биде алтернатива.

„Архивирањето е нова функција, која ќе им овозможи на корисниците привремено да задржат ~ 60% од складиштето на апликациите со отстранување на делови од апликацијата наместо целосно да ја избришат. Архивираната апликација ќе остане на уредот и може лесно да се врати на најновата компатибилна верзија, притоа зачувувајќи ги корисничките податоци“, посочуваат од Google.

Слично на тоа, платформата Apple iOS управува со апликации кои не се користат често. Наместо да ги брише апликациите, iOS ги архивира. Остануваат иконата и податоците на апликацијата, а кога на корисникот повторно му треба, може да ги преземе останатите податоци.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *