Ист полнач за полнење на сите мобилни уреди во ЕУ од 2024 година

Европскиот парламент донесе одлука за единствена врска за полнење мобилни уреди, која ќе почне да се користи за две години.

Земјите од Европската унија и членовите на Европскиот парламент денеска постигнаа договор за единствена порта за полнење на сите мобилни уреди во 27-члениот блок, отфрлајќи ги критиките упатени од производителот на iPhone Apple.

„До есента 2024 година, USB Type-C ќе стане заедничка порта за полнење на сите мобилни телефони, таблети и камери во ЕУ“, се вели во соопштението на Европскиот парламент, пренесе Ројтерс.

Ова е прв договор од ваков вид во светот, кој доаѓа откако компаниите не успеаја да најдат заедничко решение. Европската комисија се залага за единствена порта за полнење на мобилни телефони повеќе од една деценија.

 

Корисниците на iPhone и мобилни уреди со оперативен систем Андроид долго време го оспоруваат предлогот на ЕУ, наведувајќи дека мора да користат различни полначи за своите уреди. iPhone се полни со Lightning кабел, додека уредите базирани на Android се напојуваат преку USB-C конектор.

Половина од полначите продадени со мобилни телефони во 2018 година имале USB micro-B конектор, додека 29 отсто имале USB-C конектор и 21 отсто Lightning конектор, според студијата на Европската комисија од 2019 година.

„Договорот што го постигнавме утрово ќе им заштеди на потрошувачите околу 250 милиони евра“, рече еврокомесарот за индустрија Тиери Бретон, додавајќи дека тоа ќе овозможи развој и созревање на нови технологии како што е безжичното полнење, без да дозволи иновациите да станат извор на фрагментација на пазарот и непријатности на потрошувачите.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *