На корисниците нема да им се допадне ова: Windows 11 добива повеќе реклами

Мајкрософт не се откажува од идејата рекламите да бидат составен дел од корисничкото искуство на Windows.

 

Концептот на реклами во Windows отсекогаш бил контроверзен, особено затоа што многу корисници сметаат дека откако ќе платат за некој производ, Microsoft нема право да ги бомбардира со реклами.

Иако ова е погрешен пристап (бидејќи корисниците плаќаат за правото на користење на Windows, а не за сопственост на софтверот), рекламите никогаш не биле добро примени.

Сепак, Мајкрософт не изгледа премногу загрижен за ова. Софтверскиот гигант сега експериментира со нови идеи, кои ќе внесат нова доза на фрустрација кај корисниците.

Албакоре сподели скриншот на Твитер, кој ја прикажува рекламата во менито Старт. Рекламата се однесува на OneDrive и им препорачува на корисниците да ги пренесат своите важни податоци во облакот.

Мајкрософт сè уште официјално не го објавил воведувањето на оваа промена, бидејќи за сега компанијата само експериментира со идејата за рекламирање.

Сепак, многумина веруваат дека постојат големи шанси Мајкрософт да ја спроведе оваа контроверзна одлука и да ја пренесе идејата за реклами на повеќе уреди.

 

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *