Компанијата Телеграм објави дека го подобрила квалитетот на разговорите преку својата истоимена платформа.
Telegram воведе нов дизајн на повици и нови анимации кои треба да го надминат неговиот главен конкурент, апликацијата WhatsApp на Мета.
Позадините на Telegram ќе се менуваат врз основа на статусот на повикот, односно врз основа на тоа дали телефонот ѕвони или повикот е во тек или разговорот е завршен, пренесува порталот Tech Crunch.
Квалитетот на звукот за време на разговорите преку Telegram се подобрува и неговото подобрување ќе продолжи во текот на 2024 година, се додава во соопштението на компанијата од Дубаи.
Дополнително, Telegram ја воведува својата забавна анимација „испарување“ и за корисниците на iOS и за Android која се појавува секогаш кога корисникот ќе избрише порака.
Пред еден месец, Telegram најави прилагодување на емотиконите за реакции и подобрување на другите функции за подобра конкуренција со конкурентот Whatsapp.
Платформата Whatsapp на Мета ја користат околу две милијарди луѓе месечно, а Телеграм има повеќе од 800 милиони активни корисници на месечно ниво.