Слушајте YouTube со заклучен телефон: бесплатно, легално и во неколку чекори

YouTube во позадина на телефонот – сон на секој корисник кој не сака да плати за Premium варијантата. Овој пат ви носиме мал „трик“ со чија помош можете да слушате YouTube дури и кога правите нешто сосема друго на вашиот Андроид телефон.

 

Не треба ништо да инсталирате, се што ви треба е Google Chrome, кој дефинитивно го користите на вашиот телефон.

1. Отворете го прелистувачот Chrome на вашиот телефон

2. Одете на YouTube.com и пронајдете го видеото што сакате да го репродуцирате

3. Пуштете го видеото, а потоа во горниот десен агол изберете го менито (три точки) и потоа „Desktop site“ (или некоја негова варијација).

4. Откако видеото ќе се репродуцира во Desktop режим, излезете и готово.

5. Вашето видео ќе паузира за момент, но само повлечете од врвот (каде што се известувањата) и има контроли за повторно да го репродуцирате.

Се надеваме дека овој трик ќе ви помогне, кажете ни во коментар дали сте го пробале.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *