Нови лаптопи на ASUS по ниска цена

Нови лаптопи на ASUS по ниска цена

ASUS ги претстави новите три лаптопи. Дојде време да ги анализираме лаптопите наречени Е210, Е410 и Е510.

Неодамна ASUS ги претстави своите нови три лаптопи. Како што и ASUS планираше, лаптопите ќе бидат лесни за носење и со нежен дизајн. Моделот Е210 ќе биде во тежина од смао 1 килограм. Техничките карактеристики на Е210 се вака: 11,6 инчен екран, Intel Pentium N5000 процесор, DDR4-2400 RAM од 8 GB и внатрешно складирање од 512 GB.

Моделот Е410 кој е втор од серијата Е, ќе биде во тежина од 1,3 килограми. ПОследниот модел Е510 ќе биде во тежина од 1,36 килограми со 15,6 инчен екран. Сеуште нема подетални информации околку техничките карактеристики на моделот Е510.

Уредот со најтенок и најлесниот дизајн: ASUS E210

Оваа нова серија погодна за буџет од ASUS, исто така доаѓа со различни RAM и опции за складирање. Најмалиот лаптоп во серијата E210 и средниот 14-инчен E410, имаат два различни RAM капацитети од 4 GB и 8 GB. Исто така, овие два модела се достапни со 64 GB, 128 GB eMMC складирање и опции за складирање на PCIe Gen3 x2 SSD до капацитет од 512 GB.  

Двете споменати модели се со поддршка за Wi-Fi 5 и двата модела имаат 1 USB 3.2 Type-C, 1 USB 3.2 Type-A, 1 USB 2.0 Type-A, 1 HDMI отвор и 1 3.5mm отвор за слушалки и 1 приклучок за microSD мермориска картичка. Покрај тоа, Windows 10 Pro се користи како оперативен систем на овие компјутери.

Што се однесува до карактеристиките на екранот, 11,6 инчниот екран на E210 има резолуција од 1366 x 768 пиксели. 14 инчниот екран на Е410 нуди резолуција од 1920 х 1080 пиксели. Покрај тоа, моделот Е410 вклучува и опција за осветлена тастатура. Опциите за боја на двата модели ќе бидат: Peacock Blue (Сина), Dreamy White (Бела) и Rose Gold ( Златна).

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments