Samsung патентира прстен за безжично полнење на телефонот.

Откриен е нов патент од Samsung, за кој е поднесена апликација во Јужна Кореја, а тој означува многу интересен мал уред. Тоа е еден вид прстен кој е наменет за полнење на телефонот.

Магнетниот диск во внатрешноста на прстенот се движи со движењата на рацете на корисникот и создава електрична енергија. Прстенот има вграден мал генератор, кој произведува енергија преку движењата на корисникот, а исто така е способен да ја претвори топлината на телото на корисникот во електрична енергија, според патентот.

Се разбира, сепак ќе треба да има мала батерија за складирање на произведената електрична енергија пред да се пренесе на телефонот. Тука влегува во игра идејата што патентот ја носи со себе. Наместо да го поврзете телефонот со кабелот за полнење или да го оставите на полначот, прстенот ќе го полни телефонот додека е во употреба.

Бидејќи станува збор за патент, треба уште многу да се стори пред ваквото решение да ја види светлината на денот како конкретен, комерцијален производ (ако тоа воопшто се случи).

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments