За прв пат Евровизија беше заснована на вештачка интелигенција

За прв пат Евровизија беше заснована на вештачка интелигенција

Евровизија која ја возбудува публиката секој пат кога се одржува, овој пат беше заснована на вештачка интелигенција. На натпреварот победи австралискиот тим.

За прв пат Евровизија се одржа заснована на вештачка интелигенција. Евровизискиот натпревар, кој е од големо значење за многу земји, особено европските земји, овој пат беше одржан  со поинаков концепт.

Холанндската важна радиостаница VPRO беше домаќин, земјите члеки на Евровизија беа поканети и замолени да подготват три минутна песна која е погодна на евровизискиот стил, на да биде составена целосно или делумно од „вештачка интелигенција“.

На натпреварот победи Австралискиот тим

Првиот победник на овој нов концепт беше австралискиот тим. Песната Beautiful the World која е една од 13-те песни, го освои првото место како најдопадната песна. Песната беше предводена од  проуктивната компанија Uncanny Valley со седиште во Сиднеј, како соработка на член на факултетот RMIT, Dr. Sandra Uitdenbogerd и Универзитетот NSW. Целото дело беше подготвено од компјутерски научници, продуценти и музичари.

Коронавирус влијаеше и врз Евровизија

Портпаролот на тимот, д-р. Uitdenbogerd рече дека оваа идеја се појавила како резултат на тешките настани на кои бевме сведоци оваа година, како што се коронавирус и пожари. Изјавата на Uitdenbogerd за песната беше следна: „Кога започна овој процес, ние сè уште се боревме против пожарите како земја и се појави коронавирус. Сите моравме да останеме дома, особено затоа што коронавирусот влијаеше на светот. Сакавме да направиме влијание зборувајќи за нив во работата што ја создадовме. Затоа, се обидовме да ја одразиме нашата загриженост за истребување на животинскиот свет со употреба на звуци на живи суштества во области каде што се гледа пожарот, заедно со инструменти. Во ова дело зборуваме и за важноста на заштитата на нашиот свет со тоа што ќе бидеме сите обединети. Најважниот дел е што делото е создадено од човечка и вештачка интелигенција “.

Задачата на Uitdenbogerd во овој проект беше да создаде алгоритам кој исто така може да одговара на зборови и мелодии. Покрај тоа, продуцентите од компанијата Uncanny Valley, која истовремено е и продуцент на светски познатата пејачка Sia, развија алгоритам кој вклучува 200 евровизиски песни и го искористи во процесот на компонирање. 

Бидејќи натпреварот беше врз основа на вештачка интелигенција, победникот го одредија експерти за вештачка интелигенција заедно со гласовите. Наведувајќи дека е доста тешко да се компонира песна користејќи вештачка интелигенција, жирито изјави дека тие се крајно задоволни од соработката и разновидноста.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments