Facebook се закани дека ќе забрани објавување на новости во Австралија, поради новиот закон за приходи

Facebook се закани дека ќе забрани објавување на новости во Австралија, поради новиот закон за приходи

Facebook се закани дека ќе забрани објавување новости на платформите Instagram и Facebook во Австралија. Агресивниот пристап на Facebook беше поради тоа што Австралиската влада донесе закон во кој бара од Facebook и Google да го споделуваат својот приход со регионалните медиуми.

Законот беше предложен на 28ми Август и се очекуваше да биде прифатен од парламентот на Австралија. Facebook веднаш реагираше на ова со закана за банирање на новостите во Австралија.

Google исто така ги предупреди властите на Австралија дека доколку законот стапи во сила ќе превземе одредени мерки со кој ќе страдаат корисниците на нивните услуги во таа држава.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.