Цукерберг ја ребрендира Мета – вработените ги нарече „мета пријатели“

Тој тврди дека Мета сега е „метаверс на компании кои ја градат иднината на социјалните врски“, а не компанија фокусирана на социјалните медиуми.

Реагирајте брзо, изградете нови големи работи и живејте во иднината“, им рекол Марк Цукерберг на вработените при претставувањето на новата насока на Мета, пишува Гардијан.

Покрај тоа, Цукерберг претстави голем број нови слогани и промени во компанијата која претходно беше наречена Facebook.

Во објавата, која ја сподели на својата Фејсбук страница, Цукерберг напиша дека Мета сега е „метаверс на компании кои ја градат иднината на социјалните врски“, а не првенствено компанија фокусирана на социјалните медиуми. Според тоа, компанијата во иднина ќе ги нарекува своите вработени „метамати“ (во слободен превод – „целни другари“).

Цукерберг истакна дека сака да ги реформира правилата и вредностите на компанијата, кои не се ажурирани од 2007 година. Тој, исто така, ги охрабри работниците да „се фокусираат на долгорочните перформанси“.

„Фразата „Фокус на долгорочни перформанси“ го нагласува долгорочното размислување и нè охрабрува да ја продолжиме временската рамка за перформансите што ги имаме, наместо да се оптимизираме за краткорочни победи“, напиша тој во својата објава.

„Треба да ги прифатиме предизвиците што ќе имаат најголемо влијание, дури и ако целосните резултати не се видат со години“, додаде тој.

Вработените се соочуваат со брзо отстапување од социјалната мрежа која е во изградба веќе 17 години до изградбата на метаверсот, кој се уште е непознат за повеќето. Наводно, инженерите на Инстаграм и Фејсбук се охрабрени да аплицираат за работа во одделите за метаверс и виртуелна реалност на компанијата, а Мета ангажираше илјадници нови работници од конкурентските компании – вклучително и Апел.

Сепак, овие промени ги загрижуваат и вработените и акционерските друштва. Имено, акциите на Мета доживеаја историски пад по последниот деловен извештај, што доведе до загуба од над 230 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата.

И покрај историскиот пад, Цукерберг остана цврст во своето верување дека метаверзумот е клучен проект на компанијата (на крајот на краиштата, тој веќе има инвестирано 10 милијарди долари во него).

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *