Мајкрософт: Windows 11 е подготвен

Софтверскиот гигант одлучи дека Windows 11 сега е официјално означен за широка употреба.

Речиси 11 месеци по објавувањето, Мајкрософт истакна дека Windows 11 сега е во доволно добра состојба што секој може да го инсталира и користи. Се разбира, под услов вашиот компјутер да ги исполнува условите за да работи оперативниот систем.

Windows Health Dashboard го смени статусот на Windows 11 минатата недела во „назначен за широка употреба“. Ова значи дека платформата сега е доволно силна и опремена што секој може да се префрли од постарите верзии на Windows на најновиот оперативен систем.

Мајкрософт е многу заинтересиран што повеќе корисници да се префрлат на Windows 11, особено ако се знае дека оваа верзија на софтверот моментално е помалку популарна од Windows 7.

Една од причините за ова се малку повисоките барања за надградба на компјутерот (има извештаи дека дури и некои вработени на Мајкрософт не можат да се надградат на Windows 11). За некои, ова може да биде добар изговор за купување нов десктоп компјутер или лаптоп.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *