„Google Maps“ добива одлична функција: Дознајте ја цената на патарините каде и да патувате

Популарната апликација добива уште подетални информации кои ќе им користат на нејзините корисници.

Технолошкиот гигант најавил нова функција за својата навигација која пристигнува на Android и IOS уредите.

Корисниците на „Google Maps“ претходно имаа приказ на патарините каде се наплаќа, а сега ќе знаат и колку пари треба да подготват.

„Кога планирате големо или помало патување можете да ја проверите процената на патарините, пред да ја одберете рутата. Тоа што ќе го заштедите потрошете го на ужина“, пишува на официјалната Твитер-објава.

Новата функција прво пристигнува во Индија, Индонезија, Јапонија и САД. Останува да се надеваме дека ние нема долго да чекаме за тоа, за порано да уживаме во новитетот на апликацијата.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *