Кинески научници развија риба-робот која ја чисти микропластиката во плитките води

Тим научници од Универзитетот Сечуан во југозападна Кина развиле риби-роботи долги 1,3 сантиметри кои веќе успешно ја отстрануваат микропластиката во плитките води.

 

Црната роботска риба е мека на допир, а научниците може да ја контролираат со помош на светлина за да се избегне судир во други риби или предмети. – Ако случајно роботот е изеден од вистинска риба, тој ќе излезе вари без штета по нејзиниот организам, бидејќи е направен од полиуретан, појасни Ванг.

Роботот може да плива со брзина од 2,76 должини на своето тело во секунда, што е побрзо од повеќето роботи.

– Ние главно работиме на собирање микропластика, но роботот може да се користи и на многу други начини, рече Ванг.

Рибата може да собира штетни материи дури и кога е оштетена.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *