Слаб Wi-Fi сигнал во вашиот стан или куќа? Засилете го со едноставен трик

Ако имате проблеми со Wi-Fi сигналот дома, овој едноставен потег ќе ви помогне.

Дома имате сè што ви треба – всушност, веројатно го имате во вашата кујна, бидејќи се што ви треба е алуминиумска фолија, пишува Reader’s Digest. Иако овој трик веројатно звучи како уште еден во низата кои не функционираат, тој всушност го испробале професорите од Универзитетот Дартмут и тие ја потврдиле неговата валидност.

Според нив, користењето на површини како што е внатрешноста на лименката или алуминиумската фолија може да го зајакне Wi-Fi сигналот во некои области, додека може да го ослаби во други. Еве детално објаснување за тоа како да го засилите вашиот Wi-Fi сигнал со фолија:

Чекор 1: Подготовка на материјали

Најдете ролна алуминиумска фолија и исечете парче што е приближно со исти димензии како вашиот рутер. Ако рутерот има надворешна антена, направете ја фолијата неколку сантиметри повисока. Ако има внатрешна антена, не е важно колку е висока фолијата.

Чекор 2: Преклопете ја фолијата

Свиткајте ја фолијата во форма на буквата „Ц“, така што сјајната страна да е свртена навнатре. Можеби ќе треба малку повеќе да го свиткате горниот дел од фолијата за да го покриете целиот рутер, доколку има надворешни антени.

Чекор 3: Ставете ја фолијата зад рутерот

Поставете ја свитканата фолија зад рутерот, така што закривениот дел е свртен кон рутерот и просторијата каде што сакате да го засилите сигналот.

Чекор 4: Проверете ја брзината на интернетот

Отворете Google, а потоа напишете „тест на брзина“, потоа изберете ја опцијата за проверка на брзината на интернетот. Ова е најбрзиот начин да потврдите дали трикот функционира. Со среќа!

 

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *