Facebook не го толерира ова: Бидете внимателни што објавувате!

Откако беше објавено видео во живо на платформата на Facebook во кое Mark Zuckerberg и д-р Enthony Fauchy зборуваа за коронавирусот, објавата беше преплавена со бројни коментари.

Меѓу оние кои имаа што да кажат беа бројни теоретичари на заговор и оние кои се против вакцините.

Компанијата реагираше после тоа, па можеше да се слушне дека сите дезинформации за новите вакцини ќе бидат отстранети од оваа социјална мрежа. Теориите на заговор не се ништо ново и има многу кои, и покрај бројните легитимни извори на информации, сепак одлучуваат да веруваат во параноидните визии за светот.

Бидејќи веќе некое време се зборува за вакцините против Covid-19, има многу кои се занимаваат со оваа тема. Facebook и Instagram ќе ги отстранат сите тврдења што експертите ги препознаваат како лажни, пред се затоа што експертите најдобро се разбираат во теми поврзани со работата што ја работат, пренесува PCPress.

Меѓу примерите на лажни вести што ќе бидат отстранети е оној во кој се тврди дека новите вакцини содржат микрочипови.

Пред овие одлуки, немаше јасни правила за објавите поврзани со нови вакцини, но сега треба да се стави на патот на секој што споделува непроверени информации што служат само за создавање паника.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments