Вештачката интелигенција открила 50 нови планети

Вештачката интелигенција открила 50 нови планети

Научниците од британскиот универзитет во Ворвик развија алгоритам за вештачка интелигенција кој е во состојба да пребарува големи сетови на податоци добиени од сега веќе пензионираниот вселенски телескоп на НАСА Кеплер  и да бараат знаци кои би можеле да укажат на постоење планети во орбити околу други sвезди.

Ова е прв пат астрономите да ја користат оваа машинерија базирана за да им помогнат да бараат егзопланети. Предноста на користењето на алгоритмот на АИ за овие цели е во нејзината брзина над човечкиот труд. 

Откако го обучиле системот за човечки обработени податоци откриле дури 50 нови планети.Откриените планети се од различни типови од гиганти дури и поголеми од Нептун до оние помали од Земјата со орбити пократки од еден ден. Истиот алгоритам би можел да започне да се користи во анализата на новиот напреден вселенски телескоп TESS. Понатамошната потврда за откритието преку системот за радијација и брзата анализа на кандидатите за нови планети значително ќе го забрза овој процес.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *