Како порано да го вклучите новото Старт мени во Windows 10.

Во овој случај нема да мора да инсталирате Preview верзија од Windows 10, а Старт менито може да го добиете со мала промена во „registry“ на оперативниот систем.

Втората надградба за Windows 10 за оваа година повторно ќе биде помала, како што беше случајот минатата година. Тоа значи дека оваа есен, Windows 10 нема да добие некои посебни новини, но затоа тука е новото Старт мени кое ја трга позадината од плочките и изгледа многу подобро.

Начинот на којшто Microsoft ги пушта овие помали надградби е преку воведување на новините уште во претходната верзија, по што кога ќе дојде време ги активира, кратко кажано. Тоа значи дека дел од нив може да се вклучат порано, без потреба од инсталирање на некоја од тест верзиите дел од Insider програмата.

За да го активирате новото Старт мени, а со тоа и уште неколку новини кои ќе бидат дел од Windows 10 20H2, прво треба да ја инсталирате опционалната надградба која посебно е прикажана во Windows Updates делот, односно Cumulative Update Preview.

Потоа се што треба е да го отворите Notepad и да го внесете следниот текст:

Windows Registry Editor Version 5.00

[HKEY_LOCAL_MACHINE\SYSTEM\CurrentControlSet\Control\FeatureManagement\Overrides\0\2093230218]

“EnabledState”=dword:00000002

“EnabledStateOptions”=dword:00000000

Датотеката треба да ја зачувате со екстензијата „.reg“, па потоа само да ја вклучите. Со тоа ќе се направат потребните измени во регистарот на Windows 10, па по рестартирање на системот, ќе бидат вклучени новите функции.

Старт менито веќе ќе ги нема истакнатите бои на плочките, а бојата ќе биде иста со остатокот на менито. Исто така, вклучени ќе бидат новите ленти за известување на кои подобро се гледа од која апликација доаѓа тоа известување, а тука е и можноста да се користи „alt+tab“ за промена на сите посебни „табови“ во Microsoft Edge. Последната функција можете да ја исклучите преку Settings > System > Multitasking.

Доколку во Windows Update не ви е достапна опционалната надградба, сепак можете да пробате да ја креирате registry датотеката и да проверите дали ќе ви се вклучи новото Старт мени.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.