Messenger и WhatsApp со вкрстена размена на пораки

Messenger и WhatsApp може да добијат поддршка за вкрстена размена на пораки

Ова би можела да биде првата фаза на долгиот процес на интеграција на Facebook Messenger и WhatsApp корисниците.

Главната разлика помеѓу двете платформи за размена на пораки е во тоа што WhatsApp ги складира информациите за разговорите на уредот, има end-to-end енкрипција. Поради тоа WhatsApp може да се користи само на еден уред.

Знаеме дека Facebook има планови да го интегрира WhatsApp во останатите апликации на компанијата. Како што известува WABetaInfo, откри докази за тоа во последната верзија на Messenger.

Информациите укажуваат на создавање табели во локалната база на податоци на Messenger, кои се потребни за управување со пораките и сервисите.

Се споменуваат и другите елементи кои би му овозможиле на Facebook Messenger да разбере кои корисници на WhatsApp се блокирани, push известувања од WhatsApp и детали за примателот на разговорот.

Потребно е да се истакне дека овие информации моментално претставуваат само гласини, бидејќи програмерите можат да ги променат плановите во текот на нивниот развој.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments