Redmi ги објави AirDots 2

Redmi ги објави AirDots 2 безжичните слушалки

Redmi објави нов пар безжични слушалки во Кина. Redmi AirDots 2 се наследници на Redmi AirDots моделот од минатата година и имаат цена од околу 11 долари на платформата на компанијата за собирање средства.

На прв поглед, AirDots 2 изгледаат идентично на нивниот претходник. Слушалките се исклучително лесно, а секоја е тешка 4,1 грам. Една од поголемите надградби е Bluetooth 5.0 поддршката за постабилна конекција во текот на употребата.

Redmi истакнува дека AirDots 2 ќе нудат четири часа константна репродукција на аудио содржини, а со футролата за полнење работниот век на батеријата се продолжува на 12 часа. AirDots 2 користат 7.2mm аудио драјвери, а тука е и поддршката за Environment Noise Reduction технологијата која ја минимизира позадинската врева.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments