Intel го претстави Thunderbolt 4

Intel ја претстави најновата генерација од својот познат Thunderbolt

Intel ја претстави најновата генерација од својот познат Thunderbolt стандард. Овој стандард е познат по тоа што Intel го имаат развиено во соработка со Apple и долги години му бегаше на USB стандардот со драстично подобри перформанси и карактеристики.

Иако USB стандардот со USB 3, а и со најновиот USB 4 стандард надоместува голем дел од недостатоците, тие скоро и да ги нема, а посебно кога е во прашање брзината на пренос на податоци преку каблите, Thunderbolt 4 изгледа пак ќе ја има предноста преку некои од дополнителните работи кои ќе ги нуди.

Кога ќе се земе во предвид цената на Thunderbolt каблите и уредите, а и името на Apple кое стои зад него покрај Intel, некако се очекува дека секогаш ќе има барем мала предност пред својот најголем конкурент.

Што ново донесува Thunderbolt 4 стандардот:

  • Можност за будење на компјутерот со допирање на тастатурата или придвижување на глувчето
  • Поддршка за докови со повеќе порти за поврзување со до 4 Thunderbolt порти
  • Компјутерите ќе мора да може да се полнат на барем еден од достапните порти
  • Дуплирање на минималните побарувања за видео и пренос на податоци во споредба со претходниот стандард, односно поддршка за 2 монитори со 4K резолуција или еден монитор со 8K резолуција. За пренос на податоци минимумот изнесува 32 Gbps.

Презентацијата на Thunderbolt 4, можете да ја погледнете на следното видео од Intel.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *