Неверојатни фотографии од Сатурн

Најдобрата фотографија од Сатурн досега

НАСА објави нова фотографија од Сатурн која ја снимил телескопот Хабл на почетокот на јули.

Фотографијата им овозможува на научниците да ги забележат промените на оваа планета.

Ејми Сајмон од НАСА изјави дека во текот на годините забележуваат сезонски промени на Сатурн.

Експертите на НАСА исто така велат дека на фотографијата го забележале јужниот пол кој ги покажува промените во зимската хемисфера на Сатурн.

Хабл направи револуција во модерната астрономија помагајќи им на научниците да чепнат во вселенските длабочини, а воедно и на нас ни приреди купишта прекрасни слики од вселената која со голо око не се гледа.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *