Објавени се карактеристики на Samsung Galaxy Watch 3

Објавени се карактеристики на Samsung Galaxy Watch 3

Откриени се големината на екранот и капацитет на батерија на Samsung Galaxy Watch 3  кој се очекува да биде претставен од страна на Samsung во наредниот период. Според новите вести Samsung Galaxy Watch 3  ќе има две верзии на екран: екран од 1,2 инчи и од 1,4 инчи.

Зголемувајќи го својот удел на пазарот во секторот на технологија за 71,7% во однос на истиот период минатата година, Samsung има за цел да го прошири својот асортиман на производи во овој сектор со Galaxy Buds Live и Galaxy Watch3, кои се очекува да бидат воведени во следниот месец.

Благодарение на претходните откритја, знаеме дека Galaxy Watch 3 ќе има карактеристики како Gorilla Glass DX, 5 ATM отпорност на вода, рејтинг MIL-STD-810G, внатрешна GPS и LTE конекција. Информациите што ги сподели денес SamMobile велат дека паметниот часовник ќе им го нуди на клиентите  две различни големини на екранот, 45 x 46,2 x 11,1 mm и 41 x 42,5 x 11,3 mm.

Две различни големини на екран на Samsung Galaxy Watch 3

Верзијата од помал екран ќе соджи 1,2 инчен екран со големина од 41мм и 45мм. Додека верзијата од поголем екран ќе содржи 1,4 инќен екран. Се очекува дека и двата модели ќе имаат сензор за мерење на срцеви удари и крвен притисок.

Samsung Galaxy Watch 3 кој доаѓа со оперативен систем Tizen 5.5 базиран на Linux ќе биде со 1 GB рам. Изјавено е дека помалиот модел ќе содржи батерија од 340 mAh додека поголемиот модел ќе содржи батерија од 247 mAh. ИСто така се очекува часовниците да содржат карактеристики кои ќе овозможуваат да се мери пулс, притисок и ЕКГ.

Сеуште точно не се знае кога ќе биде претставен Samsung Galaxy Watch 3. Според некои извори се претпоставува дека часовниците Galaxy Watch 3 и Galaxy Buds Live ќе бидат лансирани во идните месеци, додека според некои извори се очекува новите производи да бидат претставени на 5 август заедно со Galaxy Note20 и Galaxy Fold 2.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *