Пронајден сончев систем сличен на нашиот

Првпат фотографиран сончев систем сличен на нашиот

Досега биле забележани само два системи со две или повеќе егзопланети што кружат околу иста ѕвезда, но ѕвездите не биле слични на Сонцето.

Меѓународен тим на астрономи успеал да ја направи првата слика од систем од повеќе планети што кружат околу ѕвезда слична на Сонцето.

Постојат многу слики од една планета што кружи околу ѕвезда слична на Сонцето, но ова е прва фотографија од цел систем на планети што кружат околу една ѕвезда.

TYC 8998-760-1

Ѕвездата наречена TYC 8998-760-1 била фотографирана со телескоп на Европската јужна опсерваторија и е многу помлада од нашето Сонце, односно има само 17 милиони години. Таа се наоѓа на оддалеченост од околу 300 светлосни години од нас.

Тимот открил и дека двете егзопланети се многу големи. Едната планета, која се наоѓа поблиску до ѕвездата, е 14 пати поголема од Јупитер.

На сликата се прикажани две светли точки – егзопланетите, со ѕвездата која сјае силно во левиот агол. Егзопланетите кружат околу нивната ѕвезда на оддалеченост поголема од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето за 160 и 320 пати. Тоа значи дека тие се подалеку од нивната ѕвезда отколку Јупитер или Сатурн од Сонцето.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments