Xbox Series X може да чини 600 долари

Microsoft потврди дека во текот на ноември ќе ја објави Xbox Series X конзолата

Гласините за цената на конзолата се појавуваат уште од нејзината најава, а воглавно се нагаѓаше дека ќе чини меѓу 499 и 599 долари.

Сега, благодарение на изворот, кој зборуваше за Kinda Funny XCast, се сугерира дека цената на конзолата од следната генерација на Microsoft ќе биде 600 долари.

Како доказ е приложен малопродажниот листинг за Xbox Series X, со ноемвриската објава и споменататa цена од 600 долари.

Microsoft се уште не ја потврди оваа цена, но со оглед на хардверот во преттсојната конзола, информациите за цената би можеле да бидат точни.

Microsoft во подготовка има и поевтин модел – Xbox Series S, но се уште не се знае колкава ќе биде цената на оваа конзола.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments