Корисниците на Apple се сомневаат дека Instagram ги шпионира
Многу корисници ширум светот кои ја инсталираа новата верзија на оперативниот систем на Apple iOS 14 забележале неочекувани промени на нивните уреди.
Корисниците велат дека Instagram пристапува до нивните камери дури и кога не се фотографираат.
Сè повеќе ја забележуваат зелената точка која покажува дека е вклучена камерата, без разлика дали тие се фотографираат или не.
Ова не е прв случај да се појави ваква грешка на оперативниот систем на Apple.
Business Insider изјавија дека е во прашање грешка која се обидуваат да ја поправат и додадоа дека иако се појавува зелената точка, тоа не мора да значи дека Instagram пристапува до нивната камера.