Apple ги отфрла лозинките, еве што ќе ги замени

Уредите на Apple веќе нема да користат лозинки од следниот месец.

Наместо лозинка, корисниците ќе можат да се логираат со помош на клуч, дигитален клуч кој никој нема да мора да го памети, а кој ќе биде комбиниран со отпечаток од прст или препознавање лице, пренесува порталот Unilad.

Новиот безбедносен процес значи дека корисниците на Apple нема да имаат лозинки што може да се погодат или да станат достапни поради безбедносната дупка и тие ќе можат да се логираат исто толку брзо како порано.

Лозинките ќе се складираат на уредите, но ќе се синхронизираат низ уредите преку iCloud Keychain на Apple. Никој, па ни Apple, нема да може да ги види, што значи дека ќе се намали ризикот од протекување податоци.

Дополнително, во иднина, Apple би можел да воведе клучеви за пристап кои би можеле да се користат на уреди со други оперативни системи, како што се лаптопи со Windows или Android.

Оваа вест доаѓа нешто повеќе од еден месец откако Apple го претстави iOS 16, следната голема верзија на софтверот за iPhone, а веќе некое време се шпекулира за лансирање на новиот iPhone 14, кој би можел да се појави во продажба оваа есен.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.