Откриен безбедносен недостаток кој ги изложува на ризик повеќе од милијарда корисници на смартфони

Откриен безбедносен недостаток кој ги изложува на ризик повеќе од милијарда корисници на смартфони

Истражувачите за безбедност на паметните телефони од Check Point Software пронајдоа сериозен недостаток на чиповите Qualcomm Snapdragon кој ги користат околу 40% од смартфоните во светот.

Тимот на истражувачи успеа да пронајде повеќе од 400  грешки во кодот на чиповите на Qualcomm. Деталите се чуваат во тајност за да се намали ризикот од намерно искористат недостатоците од страна на трети лица. Беше откриено дека напаѓачите можат да ги искористат смартфоните како алатка за шпионирање без дозвола на корисниците. Qualcomm беа веднаш известени и веќе работат на поправање на грешките.

Но и покрај се, истражувачите изјавија дека, иако грешката постои, мала е веројатноста дека некој ја искористил за сопствена корист.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.