Siri го прави Google Assistant да изгледа глупо кога станува збор за музика
Кога луѓето дискутираат за дигиталниот гласовен асистент на смартфоните, таа дискусија скоро секогаш ги вклучува Google Assistant и Siri. Двата асистенти, кога ќе побарате пуштаат музика за вас, но интеракцијата е различна.

Кога ќе му кажете на Siri да пушти одредена песна, таа веднаш започнува скоро без чекање, додека за истата работа на Google Assistant најпрвин го повторува насловот на песната и потребно му е подолго време за да ја пушти. Овие два асистента се прилично слични, освен во сегментот на музиката кадешто Siri е супериорен.