ЕУ најавува регулирање на крипто-валутите

Брисел се очекува да претстави предлози за регулирање на крипто-валутите

Германија, Франција, Италија, Шпанија и Холандија бараат построги правила за крипто-валутите од Европската комисија, како што е проектот Libra на Facebook, изјави германскиот министер за финансии Олаф Шолц на маргините на неформалниот состанок.

На неформалниот состанок на Советот за економски и финансиски прашања во Берлин со министрите за финансии на ЕУ во петокот и саботата се разговарало за ефективното и правично оданочување и предизвиците што ги носи дигитализацијата на 21-от век.

„Постои едноставен принцип: само централната банка, Европската централна банка, може да има лиценца за издавање валути“, беше цитиран Шолц.

Тој истакна дека проектот Libra не смее да го загрози овој принцип. Според него, пет земји се многу загрижени и ги чекаат предлозите на Европската комисија.

Стравувањата на некои земји од перење пари се неосновани. Неколку студии откриваат дека најголемиот проблем во оваа област се традиционалните фиат валути.

Неодамнешното истражување на меѓународниот меѓубанкарски систем SWIFT исто така откри дека улогата на криптовалутите во перењето пари е често претерана, а хартиените или т.н. фиат валути почесто се користат за перење пари.

Критиките за Libra и слични проекти од самиот почеток доаѓаа од владите, централните банки, регулаторите и супервизорите на финансискиот систем, како и од технолошките експерти од целиот свет.

Меѓу најгласните влади се Франција, Германија и Италија, кои минатата есен најавија мерки за блокирање на Libra.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.