Астрономите во потрага по изворот
Во јуни оваа година астрономите забележале брз радио сигнал попознат како FRB 121102, кој се повторува по иста шема и нѝ доаѓа од вселената.
Ова е вторпат да биде откриен радио сигнал со препознатлива и повторувачка шема.
Приближно на секој 161 ден од вселената нѝ пристигнува мистериозен сигнал, а сега повторно се појавил.
Првиот пат бил откриен во февруари оваа година, а астрономите предвиделе дека повторно ќе се појави во јули или август, и тоа навистина се случи.
FRB се радио сигнали со бранова должина помеѓу дел од милисекунда и неколку милисекунди.
Научниците сè уште не можат да објаснат што претставуваат и зошто постојат, но изворот на овој сигнал е познат и тоа е џуџеста галаксија оддалечена од три милијарди светлосни години.
Бидејќи станува збор за сигнал што се повторува, научниците сега можат поефикасно да ја предвидат активноста, но и потенцијално да добијат нов увид во неговото потекло.
Првото истражување на FRB 121102 го спровел Каустуб Рајваде од Универзитетот во Манчестер и тој објаснува дека изворот на сигналот може да биде неутронска ѕвезда во споменатата џуџеста галаксија.
Астрономите веруваат дека сигналот се појавил од природен извор.