Десет години во еден час

Неверојатна снимка од Сонцето

Фотографиите се направени во екстремен ултравиолетово спектар, а користени се за проучување на кората на Сонцето, како и надворешната обвивка на атмосферата на нашата sвезда.

Како дел од 10-тиот роденден на опсерваторијата за соларна динамика, НАСА објави неверојатна снимка за Сонцето, која го прикажува животот на нашата sвезда во текот на десет години во еден час од таканареченото „тајм лапс“ видео.

Видеото е составено од голем број фотографии на Сонцето, направени во последните десет години и трае точно 61 минута. Во видеото се прикажани и некои важни космички настани, како што е преминот на планетата Венера, што се случи на 5 јуни 2012 година.

Опсерваторијата за соларна динамика беше лансирана во февруари 2010 година и досега собра околу 20 милиони гигабајти податоци. Тоа е вселенски брод што орбитира околу Земјата и постојано го набљудува Сонцето со три инструменти.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *