Facebook Campus наменета само за студенти

Новата функција Campus која е наменета за студенти

Facebook претстави нова функција за да им помогне на студентите да ја задржат комуникацијата со нивните колеги, да споделуваат белешки и да најдат најнови информации за студирањето.

Новиот производ наречен Facebook Campus е начин на кој социјалната мрежа се труди да ги задржи младите корисници.

Од компанијата изјавиле дека околу 200.000 студенти на 30 американски факултети ќе бидат дел од пилот-проект за Facebook Campus.

Во пилот-проектот учествуваат повеќе американски универзитети, вклучувајќи ги „Браун“ и „Џонс Хопкинс“. Студентите ќе може да отворат профил на Facebook Campus кој ќе биде различен од главниот профил на социјалната мрежа.

На овој профил ќе може да се стават податоци за насоката на студирањето и предметите што се слушаат во секој семестар.

На мрежата ќе има групи и настани, како виртуелни концерти или сесии за учење, што може да ги видат само студентите на нивниот факултет.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments