Google ја острани апликацијата која ги остранува кинеските апликации

Google ја острани апликацијата која ги остранува кинеските апликации

Google ја острани апликацијата која ги осстранува апликациите програмирани од страна на кинеските развивачи, апликацијата е наречена Remove China Apps. Компанијата ја објави причината за остранување на апликација со 5 милиони корисници.

Апликацијата наречена Remove China Apps која служи за остранување на апликации со кинеско потекло, објавена е во мај месец на Google Play Store и за кратко време постигна милиони корисници. Но сепак Google, на почетокот од неделата ја острани апликацијата.

Google ја изјави причината поради којашто ја острани апликацијата развиена од страна на една компанија од Индија која овозможува остранување на апликации развиени од страна на кинески развивачи. Според изјавата на компанијата, апликацијата ги надмина правилата на Google Play Store.

Причина поради којашто Google ја острани апликацијата ‘Remove China Apps’

Google во еден блог даде изјава со овие зборови: „Неодамна, остранивме неколку апликации кои предизвикуваат остранување на апликации од трето лице, промена на подесувањата и карактеристиките на уредот. Ова е правило кое веќе долго време го спроведуваме и овозможува подобрување на развивачите во однос на дизајн и иновативност“.

Компанијата која кажа дека не сака конкурентското опркружување на Google Play Store да биде оштетено, се изјасни вака: „ Дозволувањето апликации да таргетираат други апликации може да доведе до однесувања за кои веруваме дека не се во интерес на нашиот развивач и заедницата на потрошувачи. Ние ја применивме оваа политика против други практики во многу земји во минатото, исто како и тука.

Индијската апликација развиена од страна на OneTouch AppLabs, произлезе како резултат на граничниот спор за Хималаите помеѓу Индија и Кина. По објавување на апликацијата ‘Remove China Apps’, индиските познати личности ја поддржаа идејата за остранување на кинески апликации од нивниот телефон. Кина го обвини Google со дволичност поради тоа што апликацијата се наоѓаше на Remove Chine Apps.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments