Кометата Neowise над нашето небо

Кометата Neowise над македонското небо

Кометата „C/2020 Ф3 Neowise“ или Neowise беше откриена од астрономите на 27 март оваа година, за време на мисијата на вселенскиот телескоп Wise. Според НАСА, откако кометата ќе ја одмине Земјата, таа повторно ќе не посети дури за 6,800 години.

На почетокот на овој месец кометата беше доволно светла за да се забележи со голо око на северната хемисфера, што е првиот ваков случај по кометата Hail Bobb во 1995 и 1996 година.

Според научниците, Неовајс преживеала и други блиски средби со сонцето, што значи дека кометата и претходно ги посетувала Земјаните.

Од 12 јули, кометата е видлива и во вечерните часови. На 23 јули кометата ќе стигне до најблиската точка до Земјата на оддалеченост од 103 милиони километри, пред да продолжи со својот космички лет.

Скопското астрономско друштво објави неколку тајмлапс видеа од кометата C/2020 F3 NEOWISE, снимени над Скопска Црна Гора.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments