Xbox Series X конзолата пристигнува во ноември

Новата генерација на Xbox пристигнува во ноември

Microsoft истакнува дека Xbox Series X ќе има околу илјада игри достапни за конзолата по нејзината објава (тоа ги вклучува и насловите на кои сопствениците на Xbox One веќе сега можат да им пристапат).

Меѓу нив се и некои поинтригантни игри (The Medium), а исто така и постарите наслови ќе добијат HDR поддршка.

Се уште не го знаеме конкретниот датум на објава на Xbox Series X конзолата на пазарот, но Microsoft сега даде рамковен период на објава.

Компанијата истакна дека конзолата од следната генерација ќе пристигне во ноември.

За жал, Xbox Series X пристигнува без Halo Infinite играта, која сега е одложена за 2021. година. Microsoft, сепак, истакна дека во текот на оваа година можеме да очекуваме над 100 наслови, оптимизирани за Xbox Series X конзолата.

Одложувањето на објавата на Halo Infinite играта претставува голем удар за Microsoft, со оглед на тоа дека се верува дека ова би бил перфектен наслов за објава од првиот ден на достапноста на конзолата.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments