Европската вселенска агенција објави нови фотографии од Сонцето
Европската вселенска агенција објави нови фотографии од Сонцето, направени на оддалеченост од 77 милиони километри. На нив се гледа површината на Сонцето и мали пламени.
Постојат милиони пламени од различни големини на Сонцето, а научниците не знаат дали и овие мали пламени функционираат по истиот механизам како и големите, кои се видливи со телескоп од Земјата.
Овие блесоци можеби се вклучени и во мистериозната постапка на загревање која прави површината околу Сонцето да биде потопла од самата површина.
Местото од кое се направени фотографиите е познато како Перихелион. Иако ова се најблиску направени фотографии од Сонцето, сепак не се со најдобрата резолуција досега.
Фотографиите се направени за проучување на честиците и магнетското поле на оддалеченост на која можат да бидат собрани податоци од сончевата површина, а тоа не може да се направи со никаков телескоп од земјата.