DJI го претстави Osmo Mobile 4

OM4 има подобрен софтвер, но и некои нови можности

Компанијата DJI ја прошири својата понуда на моторизирани видеостабилизатори за мобилни телефони и го претстави Osmo Mobile 4 гимбалот.

Osmo Mobile 4 го задржа истиот преклопен дизајн како и неговиот претходник, но сега доаѓа со две магнетни компоненти за монтирање, кои овозможуваат брзо спојување и одвојување на смартфонот од гимбалот.

Тука е сега Dynamic Zoom претходно познат како dolly zoom, кој работи така што дигитално го зумира објектот додека корисникот заминува, а спротивно функционира кога корисникот му приоѓа на објектот.

Освен преклопниот дизајн, новиот модел го задржа и интуитивниот распоред на копчиња и истата батерија која трае 15 часа.

Исто така, полесен е и помал од моделот Osmo Mobile 3 и пристигнува со унапредени моторчиња, иако ни претходникот немаше проблеми со поголемите и потешки телефони како што се iPhone 11 Pro Max или Galaxy Note.

Слични вести

Leave a Reply

Your email address will not be published.