Huawei десктоп PC со Kunpeng 920 процесор

Најавен и тестиран Huawei десктоп PC со Kunpeng 920 процесор

Huawei веќе некоре време подготвува нов вид десктоп компјутер, со прилагодени матични плочи, како и прилагоден процесор и опреативен систем. Huawei планира со овој PC да ја снабдува кинеската влада и институциите, а јасно е дека компанијата сака да се дистанцира од технологиите кои се креирани во САД.

Сега, благодарение на YouTube каналот „二斤自制“, имаме прилика да ги видиме првите информации за новиот PC систем на Huawei.

Системот го покренува Huawei D920S10 десктоп матична плоча, опремена со Kunpeng 920 7nm Arm v8 процесор со осум јадра. Компјутерот користи 64-битен UOS оперативен систем, кој претставува кинеска модификација на Linux. На тестот, компјутерот е составен од екстерен провајдер и има 16GB 2666MHz DDR4 меморија и 256GB SSD.

0 0 vote
Article Rating

Поврзани вести

Subscribe
Notify of
guest
0 Comments
Inline Feedbacks
View all comments